„Твитер убиецот“ е егзекутиран со бесење во Јапонија

Јапонија егзекутираше човекот кој беше наречен „Твитер убиецот“ кој уби и распарчи девет лица што ги запознал преку интернет. Инаку, ова е првата егзекуција во земјата од 2022 година.

Такахиро Шираиши беше осуден на смрт за убиство и распарчување на девет лица во 2017 година што ги запознал на платформа за социјални медиуми, сега наречена X.

Шираиши наводно ги намамил своите претежно женски жртви, на возраст меѓу 15 и 26 години, во неговиот стан во близина на Токио, каде што ги убил и ги распарчил нивните тела.

 

Тој признал дека ги убил сите девет лица.

Министерот за правда Кеисуке Сузуки рече дека злосторствата на Шираиши вклучуваат „грабеж, силување, убиство, уништување на труп“.

„Девет жртви биле претепани и задавени, убиени, ограбени, а потоа осакатени, а делови од нивните тела биле скриени во кутии, а делови биле фрлени на депонија“, изјави Сузуки пред новинарите во Токио.

„По долго внимателно размислување, наредив егзекуција“, рече тој.

Јапонија и САД се единствените две членки на Групата од седум индустријализирани економии кои ја задржуваат смртната казна.

Постои огромна јавна поддршка за практиката, а анкетата на јапонската влада од 2024 година на 1.800 испитаници покажа дека 83% ја сметаат смртната казна за „неизбежна

Back to top button
Close