Твоја партија за уривањето на Универзална сала

 

Твоја партија остро се спротиставува на продолжувањето на праксата на донесување одлуки и урбанистички решенија без јавна расправа и без консултација со граѓаните.

Сметаме дека распишаниот тендер за идејно решение кое подразбира уривање на Универзалната сала и изградба на парк со отворена летна сцена претставува само последен пример со кој се потврдува отсуството на демократски капацитети кај владеачките структури.

Според Твоја партија, промените во урбаниот простор треба да се прават врз основа на претходно направени долгорочни планови изработени од страна на тимови професионалци (архитекти, социолози, еколози, психолози, педагози, историчари, археолози …) и после обемни јавни расправи со граѓаните кои ќе имаат можност да го кажат своето мислење и чие влијание ќе биде видливо во донесувањето на конечните решенија.

Твоја партија инсистира на поголемо искористување на експертските миелења и поголема употреба на алатките на непосредната демокатија, посебно во случај како што е уривањето на Универзалната сала, која што претставува не само култен објект на градот, туку има и посебно значење како израз на пријателството на државите, чии граѓани ја имаат подарено како израз на солидарност по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Твоја партија

 

Back to top button
Close