Њујорк пост: Тепачка во Белата куќа? Маск нападна министер на Трамп, тој возврати како рагби играч..

..

Елон Маск, милијардер и основач на компании како што се SpaceX и Tesla, наводно во април се пресметал физички со американскиот министер за финансии Скот Бесент, објави Њујорк пост.
Според републиканскиот и конзервативен „Њујорк пост“, инцидентот се случил по состанокот во Овалната соба на кој, покрај двајцата, бил и американскиот претседател Доналд Трамп.
Причината за дискусијата била контроверзноста околу назначувањето на новиот шеф на Даночната управа (IRS).

Тензиите ескалирале во ходникот на Белата куќа, каде што Маск и Бесент размениле навреди. Според поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон, министерот го обвинил Маск дека не ги исполнува ветувањата за значителни заштеди во државниот буџет, нарекувајќи го измамник.

Според Бенон, конфликтот прераснал во физичка пресметка кога Маск со рамото се залетал кон Бесент „како рагби играч“ по што тој му возвратил со удар. Тепачката на крајот била прекината од присутните.
Банон тврди дека претседателот Трамп, откако дознал за инцидентот, рекол дека е премногу и посочил дека овој настан е клучот за заминувањето на Маск од администрацијата на крајот на мај.
Дотогаш, Маск ја држеше функцијата раководител на Одделот за владина ефикасност (DOGE) и нагласи дека ќе придонесе за намалување на владините расходи за дури два трилиони долари. Иако на почетокот се чинеше дека односите меѓу Трамп и Маск ќе останат коректни по разделбата, следеа меѓусебни јавни повици.

Тој почна да го критикува законот за трошење, тврдејќи дека тоа ќе го зголеми националниот долг. Тој исто така изјави дека Трамп не можел да ги добие изборите без неговата финансиска поддршка и посочи дека името на Трамп е во документите за Џефри Епстајн.

Трамп возврати со закани за евентуално прекинување на соработката со компаниите на Маск како што се SpaceX и Tesla, велејќи дека неговиот политички партнер и сојузник до вчера „го изгубил компасот“.

Back to top button
Close