„Њујорк тајмс“: САД вршат притисок врз Мексико да им дозволи на американските сили да се борат против картелите

САД го зголемуваат притисокот врз Мексико да им дозволи на американските сили да спроведуваат заеднички операции за уништување на лабораториите што произведуваат фентанил во земјата, објави денеска „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на американски официјални лица.

Американските официјални лица сакаат американските сили, силите за специјални операции или членовите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да ги придружуваат мексиканските војници за време на рациите врз лабораториите што произведуваат фентанил, се наведува во извештајот повикувајќи се на повеќе неименувани официјални лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела за „Фокс њуз“ изјави дека картелите го водат Мексико и навести дека САД би можеле да нападнат копнени цели за да им се спротивстават, што беше една од неколкуте закани за распоредување на американската војска за борба против наркокартелите.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум неделава изјави дека по „добриот разговор“ со Трамп за безбедноста и трговијата со дрога, исклучена е опцијата за американска воена интервенција во борбата против наркокартелите.

„Њујорк тајмс“ потсетува дека САД повторно побараа од Мексико да ги користи американските сили откога Вашингтон го зароби венецуелскиот претседател Николас Мадуро во воена интервенција на 3 јануари.

Шајнбаум претходно ги отфрли понудите на Трамп за воена акција.„Ројтерс“ не можеше веднаш да ја потврди веродостојноста на извештајот на „Њујорк тајмс“, а Белата куќа и Министерството за надворешни работи на Мексико не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Back to top button
Close