УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријави продолжен до 28 април

Управата за јавни приходи соопшти дека даночните обврзници и сметководителите имаат три доплнителни работни денови за поднесување на ДДВ-04 пријави.

Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.

Тридневното продолжување на рокот за поднесување ДДВ-о4 пријави е со цел да се избегне отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, и поради повеќето неработни денови во месец април 2023 година, информира УЈП.

Back to top button
Close