УЈП: Во ноември граѓаните ќе ги добијат парите од „Мој ДДВ“
Од Управата за јавни приходи најавуваат дека граѓаните ќе можат да ги добијат парите за фискалните купони скенирани во текот на месеците јули, август и септември во месец ноември.
„Ве известуваме дека плаќањето од „Мој ДДВ“ се врши во рок од 60 дена по завршувањето на календарскиот квартал во кој е издадена фискалната сметка.
За третиот квартал (јули, август, септември) 2023 година исплатата ќе се изврши во ноември“