У16: Македонските фудбалери поразени на вториот натпревар со Летонија
Македонската фудбалска репрезентација загуби денеска од Летонија со 2-0 во вториот контролен натпревар што двете селекции ги одиграа во Скопје.
Селекторот Иљами Исени за денешниот дуел голем број измени во стартната постава со цел да им даде шанса на сите повикани фудбалери за дуелите со Летонија.
Летонците беа поквалитетен противник и заслужено дојдоа до победата со головите на Адрианс Куракинс (5 минута) и Андрис Аизсилниекс (69).
На првиот натпревар одигран во средата на ФФМ комплексот „Петар Милошевски“, избраниците на Исени ја совладаа Летонија со 2-1.






