Уапсен 21 член на италијанската мафија

Еден од водачите на италијанската мафија – Вито Манцо денеска е уапсен во голема полициска акција во Трапани и неговата околина.

Во акцијата уапсени се 21 осомничен и осуден член на мафијата, како и поранешниот заменик градоначалник.

Манцо призна дека го запознал бегалецот супер-бос Матео Месина Џенаро, кој сега е починат, во пештера во близина на неговиот имот во западна Сицилија, објави Анса.

Манцо, кој треба да служи за мафијашко здружување, им рекол на другите мафијашки босови дека се сретнал со Месина Џенаро, кој почина од рак пред еден месец на 61-годишна возраст, за да им докаже колку е доверлив, соопшти полицијата коментирајќи го пресретнатиот повик, јави Танјуг

Back to top button
Close