Уапсен 21-годишник од битолско, при претрес во неговиот дом пронајдени 13 паковки марихуана
При претрес во домот на 21-годишниот П.Т. од битолското село Горно Оризари, полицијата вчера пронајде и одзема 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети.
На 26.04.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода П.Т.(21) од с.Горно Оризари, битолско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 13 паковки со марихуана, дигитална вага и други предмети, се вели во соопшението од МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.