Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар приведоа 29-годишен маж со иницијали Т.Б. од гостиварското село Здуње, под сомнение за тешко кривично дело кое вклучува сексуално насилство и уцена на малолетно лице. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи – Тетово, случајот бил пријавен вчера од страна на 42-годишен жител на Гостивар.
„Сторителот ја пресретнал малолетна ќерка на пријавителот и со употреба на физичка сила извршило силување врз неа, упатувајќи ѝ закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство“, рече портпаролот на СВР Тетово.
На 22 април 2026 година на социјалните мрежи осамнале експлицитни фотографии и видеа од малолетната жртва, а веднаш по добиената пријава, полицијата презела оперативни мерки и брзо го лоцирала осомничениот.
Извршени се претреси на две локации, во неговиот дом во селото Здуње, како и во уште еден објект во селото Равен каде што приведениот престојувал при што биле одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ-меморија и други предмети кои ќе бидат предмет на вештачење и ќе служат како доказен материјал во истрагата.
Осомничениот Т.Б. во моментов е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, по што до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Извор: 360stepeni.mk






