Уапсен 71 годишен маж кој двапати предизвикал пожари во демиркаписко
Лицето е задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР
Полицијата вчера уапсила 71 годишен маж од Демир Капија поради сомнение дека во два наврата предизвикал пожари. Пожарите ги гаснела противпожарна единица од Неготино.
„Во 10 часот предизвикал пожар на место викано ‘Горна Лака’ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади. Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина. Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“ соопшти МВР.
Претходно, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини бил спречен обид за подметнување шумски пожар