Уапсен додека се обидувал да украде автомобил  

Полицијата уапси прилепчанец додека ограбувал возило.

Според информациите на МВР, вчера во 21.30 часот на ул.„Рампо Левката“ во Прилеп, полициски службеници го уапсиле И.Д.(38) од Прилеп, затоа што бил затекнат додека извршувал тешка кражба во патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки.

Кај него биле пронајдени и одземени предметите кои ги украл од возилото. И.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријавa.

 

 

Back to top button
Close