Уапсен е 59-годишник од скопско село – палел оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

МВР информира дека денеска околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с. Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close