Уапсен е македонски државјанин во Тирана


Албанската полиција во рамки на акцијата „Операција 54“, уапсила македонски државјанин кого Австрија го барала со меѓународна потерница за сторени тешки кривични дела.

„Дирекцијата на силите за специјални операции успешно финализираше уште една акција за апсење на меѓународно барани лица. Уапсен е М.А.(41) роден и со живеалиште во Скопје, Северна Македонија, кој се бара со меѓународна потерница издадена од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, Австрија. Тој се бараше за сторени тешки кривични дела како што се: „Трговија со дрога“, „Опасна закана“, „Тешка изнуда“ и „Повреда“. За вакци дела со австрискиот Кривичен законик, предвидена е максималната казна до 20 години затвор“, стои во полициското соопштение.

Интерпол Тирана ги продолжува законските процедури за екстрадиција на лицето, во соработка со австриските власти.

Back to top button
Close