Уапсен е млад штипјанец, возел со 3,07 промили алкохол во крвта
МВР информира дека вчера попладне во 17:25 часот на обиколница Богданци, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.П.(70) од Богданци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со гевгелиски регистарски ознаки и по преземените мерки било утврдено дека Т.П. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2.35 промили алкохол во крвта.
Еден час подоцна, во 18:30 часот на ул. „Рибник“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.И.(38) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Н.И. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно дека имал 3,07 промили алкохол во крвта.
Рано утринава во 00:41 часот на ул. „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.К.(24) од Крива Паланка. При увид на сообраќајна несреќа, во која тој учествувал со патничко возило „јагуар“ со кривопаланечки регистарски ознаки, полициските службеници констатирале дека М.К. има 1,64 промили алкохол во крвта.
Лицата се лишени од слобода и по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.