Уапсен е затворски полицаец – се обидел да внесе дрога во затвор „Идризово“

МВР информира дека вчера во Полициската станица Гази Баба, од Казнено – поправната установа затвор „Идризово“ е пријавено дека при претрес на Х.А.(42) од Скопје, вработен како полицаец во Затворска полиција, пронајдени се две пакувања и се посомневале дека пренесува дрога.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека во пакувањата има растителна материја и бела прашкаста материја.

Х.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Back to top button
Close