Уапсен екс-државниот правобранител Фехми Стафа за поткуп од десетици илјади евра

Вечерва е уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, под сомнение за примање поткуп.

Според првичните информации до кои дојде Press24, Стафа е лишен од слобода за дело поврзано со поткуп од неколку десетици илјади евра.

Стафа на функцијата дојде како предлог на Алтернатива, а се поврзуваше и со ДУИ. Против Стафа, имаше и низа пријави во Финансиската полиција.

Името на Стафа беше поврзувано и со скандалот за имотот на бизнисменот Сеад Кочан.

Извор: press24.mk

Back to top button
Close