Уапсен кумановец кој подолго време следел и вознемирувал девојка

Од МВР информираат дека е уапсен кумановец кој подолго време следел и вознемирувал девојка од Куманово.

-На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово.

На 09.04.2025 во СВР Куманово, девојката го пријави случајот, по што од страна на судија од Основен суд Куманово беше изречена мерка претпазливост за недоближување. Додека, по преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР

Back to top button
Close