Уапсен мажот кој има 59 години и се закануваше на малолетничка дека ќе ја силува

Приведен мажот кој им се закануваше на малолетнички дека ќе ги силува и им праќаше еротски фотографии од половиот орган.

Станува збор за 59-годишен човек од селото Ораовица во Радовиш, кој престојувал во селото Ерџелија во Свети Николе. Извршен е и претрес во домот на М.А. во светиколското село, каде што приведениот маж престојувал. Мажот кој се закануваше и праќаше еротски фотографии е приведен поради сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с. Ерџелија, каде што престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот. По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР за „А1он

Back to top button
Close