Уапсен пироман од струмичко, подметнал пожар на нива
Приведено лице од струмичко кое подметнало пожар на нива.
Како што информираат од МВР, вчера (16.09.2025) на регионален пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода С.В.(59) од село Дабиле, струмичко.
Тој се сомничи дека околу 19:00 часот подметнал пожар на арско ѓубре во нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, сопственост на В.С.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. С.В. е задржан во Полициската станица Струмица и во службен разговор го признал делото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид на местото изврши екипа на СВР Струмица.
По целосно расчистување на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР