Уапсен велешанец кој се обидел да силува сограѓанка

Триесет и едногодишен маж од Велес вчера бил приведен, откако девојка го пријавила во полицијата поради обид за силување.

Таа навела дека инцидентот се случил околу 2 часот, на автопат Скопје – Велес, во близина на исклучокот за манастирот Свети Јован, додека таа се превезувала во неговиот автомобил. Според пријавеното, тој физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба.

„Рано утринава во 03:50 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.С. (31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј. (24) од Велес дека околу 02,00 часот, на автопат Скопје – Велес во близина на исклучок за манастир Св. Јован, додека пријавителката се превезувала во патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С., истиот физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба“, велат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close