Уапсениот врховен судија е Наке Георгиев за мито од 10 илјада евра

Судијата од Врховниот суд, Наке Георгиев денеска е уапсен за примање мито.

– Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  `Примање награда за против законито влијание`.

Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

Георгиев минатата година се кандидираше за член на Судскиот совет, но си поднесе оставка бидејќи неговиот син беше избран за судија.

Оставката следуваше по неколкудневни кавги во Судски совет дека не е законски тој како член на Судскиот совет да го бира неговиот син за судија.

Наке Георгиев се кандидираше за член на Судскиот совет како единствен кандидат од Врховен суд, а поддржувачите од Советот, му ја запреа постапката за разрешување.

За истата работа за која беше претставката, тројца апелациони судии од Штип беа разрешени, но тој се спаси.

Врховниот судија полицијата го уапсила по пријава дека тргувал со влијание односно побарал мито 10 илјади евра да влијае во предмет.

Тој, наводно бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај. Наводно ветувал олеснителни околности во процесот поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчевски поврзан со трговија со марихуана.

Полициски извори за телевизијата Телма потврдиле дека судијата Георгиев бил префрлен, односно се наоѓа во полициската станица Кисела Вода. Во моментот, како што претходно објави телевизијата е постапка поврзана со судскиот имунитет кој го ужива Георгиев, а за кој одлучува Судскиот совет.

Back to top button
Close