Уапсена скопјанка која во стан го држела детето што го нападнало нејзиниот син

Вчера, во 18 часот, олицајци од Полициска станица Центар ја уапсија А.Р. (46) од Скопје.

Ј.М.(35) од Скопје пријавила дека околу 13 часот нејзиниот 12-годишен син физички го нападнал 13-годишниот син на А.Р. Настанот се случил во двор од основно училиште на подрачјето на Центар. По тепачката,

А.Р. го однела 12-годишникот во својот стан и го држела одреден период, по што го однела во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Back to top button
Close