Уапсена велешанка која се барала со потерница оти се претставувала лажно

Велешанка која се барала со потерница попладнево била упасена на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје.

-Денеска во 16.25 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје на бул.”Киро Глигоров” во Скопје ја лишија од слобода Ј.Р.(40) од Велес, со престој во Свети Николе. Таа се барала по централна потерница распишана врз основа на наредба од Основен суд Свети Николе за издржување на казна затвор во врска со чл.391 ст.1 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР.

Според овој член од Кривичниот законик, тој што со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Back to top button
Close