Уапсени двајца скопјани, сакале да фрлат бомба во кафеана

Двајца жители на Скопје рано утрово биле приведени откако се обиделе да фрлат рачна бомба во угостителски објект во центарот на градот, соопшти полицијата.

Рачна бомба, Фото: МИА

Околу 01.25 во угостителски објект на бул.„К.Ј.Питу“ полициски службеници ги лишиле од слобода М.С.(40) и А.П.(45), двајцата од Скопје. Непосредно пред тоа, по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот, сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот. Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам“, велат од МВР.

Нема повредени, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

 

 

Back to top button
Close