Уапсени две лица од Росоман поради закани кон градоначалникот Митко Јанчев

Двајца жители на Росоман се уапсени откако, според пријавата, упатиле закани кон градоначалникот на Кавадарци и неговото семејство. При претрес во нивните домови биле одземени мобилни телефони. Случајот го истражува полицијата во координација со јавен обвинител, соопшти МВР.

-На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека му се заканувале на градоначалникот на општина Кавадарци М.Ј.(43) и на неговото семејство.

Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени мобилни телефони. Двајцата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави

Back to top button
Close