Уапсени лихвари од Струмица, наплаќале дневна камата од 50 евра

Од СВР Струмица информираат дека расчистиле повеќе кривични дела и биле поднесени кривични пријави против три лица од Струмица и струмичко за „лихварство“, „изнуда“ и „тешка кражба на дрзок начин“.

-СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

 

Пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување. Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства ина тој начин сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела, информираат од СВР Струмица.

Back to top button
Close