Уапсени поранешни германски војници

Двајца поранешни припадници на германскиот Бундесвер се уапсени поради сомневања за тероризам, соопшти денеска Обвинителството во Карлсруе.

   

 

Поранешните припадници на германската армија биле уапсени денеска (20.10), во раните утрински часови. Тие се осомничени дека имале намера да формираат терористичка група, се вели од Обвинителството. Поранешните војници, како што се додава, од почетокот на годинава планирале создавање група платеници, која би броела 100 до 150 лица. Со таа група требало да се вмешаат во граѓанската војна во Јемен.

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека секој платеник месечно требало да добива по „околу 40.000 евра“. Уапсените се надевале дека „трета страна, по можност Саудиска Арабија“ би се грижела за финансирање на групата. Еден од нив се обидувал „упорно“ да стапи во контакт со владата на Саудиска Арабија, но немал успех.

Осомничените сакале со паравоената единица да изнудат мировни преговори помеѓу Хуту-бунтовниците и јеменската влада. На двајцата притоа им било јасно дека ќе мора да се извршуваат и „убиствени дејствија“, се вели од Обвинителството и се додава: „Освен тоа, тие сметале со тоа дека во воените акции ќе бидат убиени и повредени и цивили.“

Според плановите на осомничените, групата платеници требало да функционира „како т.н. приватна воена компанија“, односно да стои на располагање за ангажмани и во други конфликти. Групата патеници, како што се вели од Обвинителството, требало да се состои пред сѐ од поранешни припадници на Бундесверот или поранешни полицајци. За нивно регрутирање бил задолжен еден од уапсените. Тој досега веќе остварил контакт со најмалку седум лица.

извор: ДВ

Back to top button
Close