Уапсени се 11 лица за вчерашното убиството во Ксамил, Албанија
Турист од Португалија – 20 годишен е убиен вчера наутро во Ксамил, Албанија, а неговото тело беше пронајдено на плажата покрај лежалки, каде што наводно лежело со часови.

Главниот осомничен за убиството, 29-годишниот Сократес Вата, е уапсен во местото Леван кај Фиер во полициска операција. Тој бил откриен додека се криел во багажникот на автомобил што се движел кон Тирана.
Во возилото се превезувале двајца турски државјани кои, според властите, знаеле за неговото присуство и имале план да му овозможат бегство.
Во рамки на истрагата за целосно расветлување на случајот, полицијата досега за 11 лица одреди притвор, а по уште едно лице интензивно се трага.
Според полициските сознанија, инцидентот започнал во раните утрински часови на 18 август во ноќен клуб во склоп на туристички комплекс, а завршил на самата плажа.
За време на физичката пресметка, Вата со остар предмет му нанел повеќекратни повреди во пределот на градите и грбот на 20-годишниот Португалец, додека во нападот учествувале и други лица.
Истрагата покажала дека во тепачката учествувале и вработени во ноќниот клуб, кои по физичкиот напад го напуштиле местото на настанот.
Според првичните информации, судирот избил по конфликт, а жртвата се обидела да интервенира за да ја смири ситуацијата.
Уапсениот Сократес Вата и од претходно ѝ е познат на полицијата






