Уапсениот белоруски новинар во снимена изјава вели дека нема корист од протестите во земјата

– Белорускиот новинар Роман Проташевич, кој беше уапсен во мај откако авионот на „Рајанер“ со кој леташе за Вилнус принудно беше приземјен во Минск, во снимен видео материјал вели дека нема корист од повикувањето на протести.

Тој ова го кажува за време на испрашувањето што е емитувано на државната телевизија

Британските медиуми пренесуваат дека Поташевич, во своето второ појавување по апсењето на 23 мај, изгледа опуштено, пушејќи додека со неидентификуван соговорник разговара за опозицијата.

– Тоа во моментов  едноставно не е никаква (протестна) активност, вели  26-годишниот блогер во емисија во која е повторено белоруското тврдење дека авионот морал да биде пренасочен поради закана со бомба од Хамас. Палестинската група негираше каква било вмешаност.

„Кога бев во Вилнус, отворено реков дека уличните протести не се потребни. Во најмала рака, треба да почекаме да се вжешти економската состојба за луѓето да излезат на улиците по чинија супа“, изјавува Поташевич на снимката.

Белоруската опозиција засега е без коментар за испрашувањето на Проташевич.

Back to top button
Close