Уапсениот возач на Јанушев бил пријавен од граѓанин, па фатен со обележани пари од МВР

Уапсениот возач на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, поточно вработен во Секретаријатот за општи и заеднички работи (СОЗР) на владата, кој беше фатен со мито, бил пријавен од граѓанин, а потоа бил ,,улоен” со обележани пари на МВР.
-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за корупција при МВР, постапуваше по претходно поднесена пријава од граѓанин, во координација со надлежниот јавен обвинител. Во рамки на преземените мерки и активности, Д.Ц., вработен како возач во СОЗР при Влада на РСМ, е затекнат при примање на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода“, информираат од МВР.
Извор: fokus.mk






