Уапсено 16-годишно момче кое со пиштол и мотор бегало од полицајци

Од МВР информираат дека е уапсен малолетник во Скопје, кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми. Малолетникот дури се обидел да бега од полициските службеници, но бил фатен.

-На 06.09.2025 во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, но тој не застанал и се дал во бегство. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, малолетникот е запрен и лишен од слобода, а при извршен преглед, кај него бил пронајден и одземен пиштол „Ц3“ и куршуми. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close