Убедлив пораз на македонските кошаркарки на крајот од квалификациите за Евробаскет 2027


Женската македонска кошаркарска репрезентација претрпе убедлив пораз во последното коло од квалификациите за Евробаскет 2027. Во Скопје победа од 91:53 славеа кошаркарките на Хрватска.

На тој начин македонската репрезентација со само една победа (против Данска) го заврши настапот во групата на последното четврто место. Денешниот натпревар македонскиот тим го одигра дополнително ослабен бидејќи поради повреда селекторот Александар Ашаданов не можеше да смета на Американката со македонски пасош Мерит Хемпе.

Најефикасна во македонскиот тим беше Милица Николиќ со 16 поени, додека на дуелот Шавонте Зелус со 18 поени.

На вториот дуел од групата Грција ја совлада Данска со 99:77.

Хрватска го освои првото место во групата, пред Грција двете селекции со скор 4-2 (победи-порази), Данска е трета со биланс 3-3, а Македонија има 1-5.

Back to top button
Close