Убиецот на армискиот офицер од Батинци го нема! МВР распишала меѓународна потерница

Муса Џавит кој минатата недела уби војник на АРМ во скопско Батинци најверојатно побегнал од земјава објави телевизија 24.мк

Од МВР за ТВ 24 велат дека тој веќе една година се бара со меѓународна потерница за друго убиство, а органите на прогонот со колегите од другите земји по второто убиство интензивно трагаат по бегалецот.

МВР

„Нашите органи соработуваат и се во постојана комуникација со органите на прогонот на сите земји каде постои индиција дека бегалецот може да се крие, велат од МВР

Бегалецот Муса Џавит со дебело криминално досие за една година смртно застрелал две лица. Убиствата ги врши ланското и ова лето среде бел во скопско Батинци, но полицијата се уште не успева да му влезе во траг и да го фати

Последното убиство ја потресе јавноста кога минатата недела пред влезот на Батинци со два куршуми го уби 50 годишниот офицер на АРМ. Пукал пред очите на неговота ќерка додека се движеле со возило.

Џавит до јуни минатата година издржал затворска казна за нелегално поседување оружје. Но само едно месец откако бил пуштен го извршил првото убиство кое според информации на ТВ 24 е дел од 7-те убиства нарачани од скопскиот клан Беланоца кое беше расветлено во изминатиот период, во акција на МВР. Но Џавит повеќе од една година успешно се крие пука и убива среде бел ден, Од полицијата изјавија дека последното убиство не било поврзано со криминалното подземје туку невозвратена љубов.

Ќерката на војникот не сакала да се омажи за бегалецот. Таа го одбила и непосредно пред убиството додека била на медицински преглед – заедно со нејзиниот тако Осомничениот и се јавил по телефон и почнал да и се заканува. На пат кон дома, на влезот на селото Батинци, патот им го попречил бегалецот, излегол од неговото возило и во градите на таткото испукал два куршуми, по што се дал во бегство надвор од земјава.

Back to top button
Close