Убиен контраразузнавач на ФСБ
Контраразузнавачот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Владимир Фешченко е пронајден мртов во зградата на руското Министерство за одбрана во Москва, јави руската државна агенција РИА Новости.
Прелиминарните информации сугерираат дека тој е убиен, изјави неименуван извор за новинската агенција.
Телеграмскиот канал База кој го поддржува Кремљ, исто така, тврди дека смртта на Фешенко била насилна, велејќи дека Фешенко имал длабок рани на челото.
Телото е откриено во зграда на улицата Олховска, каде се сместени Министерството за одбрана на Русија и Канцеларијата на ФСБ за Московскиот воен округ