Убиен шефот на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, Саит Аталах

Во северен Либан е убиен Саид Аталах, шеф на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, јавија денеска британските медиуми, цитирајќи локален медиум поврзан со ова палестинско движење.

Медиумите блиски до Хамас денеска објавија дека Аталах бил убиен, заедно со тројца членови на семејството, во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански град Триполи.

Израел се уште не ја коментираше оваа вест.

За Аталах нема многу информации, но западните агенции сметаат дека тој е водач на бригадите Ал Касам.

Кон средината на јули Израел го елиминира Мохамед Деиф, долгогодишниот лидер и еден од основачите на оние бригади кои го предводеа нападот врз Израел на 7 октомври. Деиф беше убиен еден ден откако политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханија беше елиминиран во Техеран.

Back to top button
Close