Убиената жена била вдовица, убиецот имал криминално досие во странство

Кои се убиецот и жртвата во злочинот кој ја потресе Македонија: Убиената жена била вдовица, убиецот имал криминално досие во странство

Свирепото убиство на 53-годишната Х.А. од гостиварско Равен, чие тело беше пронајдено закопано во дупка, ја вознемири јавноста.

 

На осомничениот за нејзиното убиство С.М., исто така 53-годишник од гостиварско Неготино, му е одреден притвор, а од слобода е лишена и неговата сопруга Ѓ.В. (48), која во полициска станица признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана.

Како што дознава ВИКИМЕДИА, жртвата била вдовица, а пак осомничениот подолг период живеел во странство. Во земјава се вратил пред неколку години, а неофицијално, додека живеел во странство бил сторител на повеќе кривични дела. Со жртвата се познавал, и не биле во роднински врски.

Убиената жена првично била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот син. По проверка на безбедносните камери синот забележал како таа влегува во автомобил, а на безбедносните камери забележал и дека С.М. влегол во куќата, пребарувал и одзел пари од неговата соба.

Вчера тој беше лишен од слобода поради сомнение дека ја принудил Х.А. да замине од домот со него, а подоцна бил извршен претрес во неговиот дом и била лишена од слобода неговата сопруга, која раскажала за убиството.

Бил извршен увид на местото во атарот на селото Неготино каде било пронајдено телото на Х.А., а по наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Од МВР објавија снимка од местото на злосторството, на која се гледаат форензичари со скафандери и полициски екипи.

Back to top button
Close