Убиената жена во мај и јули го пријавила убиецот – и се заканувал дека ќе објави слики ако не му даде пари

Жената која утрово беше убиена во Кочани пред семејната куќа, била во љубовна врска со убиецот, а дека ја уценувал пријавила и во полицијата во Кочани и во Обвинителството.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената го пријавила убиецот дека подолго време ја уценувал дека ќе објави компромитирачки видеа и фотографии ако не му даде пари. –

-Во ОВР Кочани има една пријава на 16.05.2023 во 11.30 часот, кога Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. , со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во НК за КР – ОВР Кочани постапено е по пријавата и на 31.05.2023 до ОЈО Кочани е доставен поднесок (известување) со службен материјал во прилог, како и дополнување на известувањето со службен материјал во прилог на 05.06.2023, велат во од МВР за „Фокус“.

Претходно од Обвинителството соопштија дека жената го пријавила напаѓачот во јули со истите наводи дека ја уценувал, но оттаму потенцираат дека жената немала пријави за закани за загрозување на безбедноста.

Back to top button
Close