Убиено е момче во Харков, откако руска граната удри во стамбена зграда – билансот е дека загинале 40 украинци и 50 руси

Момче загина денеска во источна Украина, во областа Харков, кога граната погоди станбена зграда, соопшти украинскиот Оддел за вонредни ситуации, додека други украински извори јавија за смрт на најмалку 40 украински војници и околу 50 Руси.

Советник во украинското претседателство изјави дека повеќе од 40 украински војници се убиени, а десетици се ранети во денешната руска воена операција во Украина.

Украинската армија соопшти дека на истокот на Украина се убиени околу 50 Руси, а уништени се шест руски авиони.

Back to top button
Close