Убиство во Бутел

Во скопската населба Бутел 2 попладнево се случило убиство.

Се работи за место кое се наоѓа веднаш до ресторанот „Султан“, а голем број на полициски единици веќе се на терен, јавува репортерот на ТВ21

„Пред 10-тина минути имаме пријава за слушнати истрели во Чаир. На терен се екипи“, велат од МВР за ТВ21.

Неофицијално има едно починато лице К.И., а на терен се три амбулантни возила.

Дел од.медиумите јавија дека две лица биле убиени и едно лице било повредено.

Во меѓувреме, се пласираа неофицијални информации дека убиениот маж и е познат на полицијата од претходни престрелки. Неговото име се поврзува и со пукањето во хотелот Александар Палас, во декември 2019 година. Тогаш, неофицијално беше соопштено дека сега убиениот, тогаш бил таргет.

Детали за вечерашната престрелка, се најавуваат откако ќе биде направен увид.

Back to top button
Close