Убиство во Хрватска: Маж ги убил мајката и сопругата, а потоа се самоубил!

Хрватската полиција соопшти дека утрово маж ги убил мајката и сопругата во Велика Горица, кај Загреб, а потоа се самоубил.

Злосторството се случило околу 10 часот кога маж во семејната куќа ја убил мајка си, а потоа во блиската цвеќара ја убил сопругата, која побегнала таму барајќи помош.

Откако ја застрелал сопругата побегнал и се заклучил во семејната куќа која набрзо била опколена од специјалната полиција, а околу пладне се самоубил.

По влегувањето во куќата полицијата го пронашла загинатиот сторител и една постара жена, а медиумите јавија дека се работи за неговата мајка.

Пошироката област околу местото на злосторството беше блокирана. Според хрватските медиуми, полицијата претходно не се занимавала со тоа семејство.

Back to top button
Close