Убиство во кафуле во Хрватска: Го убил шефот на полицијата, а потоа пукал во себе

Утрово во кафуле во Крапина се случи пукање, а, според извештајот на полициската управа Крапино-Загорје, маж (52) пукал и убил полицаец (52), кој во времето на инцидентот не бил на должност. Потоа тој се застрелал и со хеликоптер бил префрлен во болницата Дубрава.

Според Индекс, убиен е началникот на Службата за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапино-Загорје, Роберт Грилец. Состојбата на сторителот во моментов е непозната. Во тек е кривична истрага и увид на лице место за да се утврдат сите околности на овој инцидент.

Портпаролот на Полициската управа Крапино-Загорје, Звонимир Лончар, за Хина потврди дека убиениот началник на криминалистичката полиција не бил на должност.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close