Убиство во Скопје: маж најден со прострелни рани кај Блаце. Пресметка на завојуваните скопски нарко банди


Убиство е случи во близина на Блаце, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, маж бил пронајден со прострелни рани.

„Скопје1“ од свои извори дознава дека убиениот бил пронајден на локален пат.

Според неофицијални и непотврдени информации на фокус мк , убиениот е татко на Гани Туша, осомничен за убиството на Орхан Бајрами Оки, еден од водачите на Дуќанџик, што се случи во Грција.

Туша е осомничен и за други кривични дела и моментално е во притвор во затворот во Шутка.

Убиен е таткото на Гани Туша, додека работел на нива во скопското село Блаце јави тв телма. Гани Туша е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки летоска на Халкидики и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исеионов во Шиша бар во Скопје пред една година.

Неговиот татко е најден попладнево со рани пд огнено оружје.

По убиствата кои се дел од пресметката меѓу скопските нарко банди, Туша е во притвор во Скопје.

Туша е припадник на групата Барон/Беланоца која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар. Првично има сомнежи за сторител кој има мотиви за убиството

 

Back to top button
Close