Убод од стршлен фатален за 38-годишна жена
Србија е потресена од веста дека мајката на две деца, М.М. (38), жителка на селото Рсавци во близина на Врњачка Бања, починала откако била убодена од стршлен.
Сè се случило вчера наутро и било многу шокантно, дознава „Телеграф.рс“.
Имено, според зборовите на мештаните и соседите, М.М. страдала од респираторни проблеми.
Убодот од стршлен во вратот е инаку опасен дури и за совршено здрави луѓе, бидејќи отокот може да ги блокира дишните патишта, а за оваа жена бил фатален поради нејзините здравствени проблеми. За неа, убодот во вратот бил фатален и не можела да дише.
И покрај обидите да ѝ се помогне, соодветна медицинска интервенција не дошла на време и жената починала.
Целото село е во шок по оваа ужасна трагедија, а уште повеќе им е жал за децата кои ја загубија својата мајка