Ученичката од „Јосип Броз Тито“ што натепа девојче, денеска на социјалните мрежи ја објавила снимката од модрото око на својата жртва
Семејството на 15-годишната ученичка која пред неполн месец беше претепана од врснички кај грчкиот конзулат, се обрати во „Слободен печат“ и бара институциите да постапат во врска со најновата секундарна виктимизација што ја преживува нивната ќерка.

Едно од девојчињата кое со боксови по главата ја удираше 15-годишната ученичка, потоа во училиштето ја сретнала својата жртва и почнала да ѝ ги снима повредите на окото. Снимката од модрото око денеска ја објавила на социјалните мрежи поради што родителите на девојчето жртва, отишле да го пријават ова во полициска станица
Судењето за овој случај е закажано за втори април но ќе биде затворено за јавноста поради тоа што се работи за малолетници. Таткото на девојчето кое со боксови ја нападна 15-годишната ученичка закупи билборд пред гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје, со натпис „Правда“. Мајката и таткото на на девојчето жртва за „Слободен печат“ велат дека живеат под постојана вознемиреност поради стресот од овој скандалозен настан во кој две девојчиња среде бел ден ја претепаа нивната ќерка, додека други снимаа и поттикнуваа насилство. Жртвата пак, до денеска живее во трауми.