Учениците ќе ја почнат годината со учебници по сите предмети – велат од МОН
Учениците ќе ја почнат новата учебна година со учебници по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).
Оттаму додаваат и дека првпат по седум години се обезбедени учебници по странските јазици.
„Нови учебници со унапредена содржина има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде започнува примената на нови наставни програми. Над 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта“се вели во соопштението од МОН.
Како што информираат од ресорното министерство, печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено втора година по ред, како и дека секое училиште ќе го добие тиражот што го има побарано преку посебната електронска апликација на МОН.
Прашањето за изработката, печатењето и испораката на учебниците, според МОН, беше голем предизвик во минатото, прашање што сега е системски решено со новиот Закон за учебници.
Од Министерството велат дека сите надлежни институции, органи и тела што учествуваат во постапката за обезбедување учебници доследно и навремено ги исполнија своите должности