Учениците од ОУ „Исмаил Ќемали“ со марш им оддадоа почит на настраданите соученици во автобуската несреќа (видео)

Ученици од Основното училиште „Исмаил Ќемали“ од Општина Чаир денеска излегоа на марш во Скопје во знак на почит кон нивните соученици кои настрадаа во автобуската несреќа во Бугарија.

Изјавија дека со маршот сакаат да се потсетат на своите другари, петмина од ова училиште, кои вчера ги загубија животите во автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Тие од училиштето се упатија до плоштадот „Скендербег“.

Back to top button
Close