Ученик избоден со нож во дворот на училиште во Белград

Ученик од Техничкото училиште во Железник, населба во Белград, утрово бил избоден со нож во дворот на училиштето. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар.

„Ученик од нашето училиште е повреден. Полицијата во моментов е во училиштето, се врши истрага“, кратко изјавиле од училиштето за Euronews Србија.

Настанот се случил околу 8 часот.

Back to top button
Close