Ќучук: Ниту една земја во Европа не може да се чувствува безбедна бидејќи е загрозен поредокот и прекршени се сите принципи на ОН

Оние кои се обидуваат да ја врамат војната во Украина како конфронтација меѓу Западот и Истокот грешат. Не се работи за географија. Сепак, ова е војна на вредности, вели Илхан Ќучук во интервју за грчки „Ieidiseis“

Дали ве плаши дека војната во Украина може да се префрли во регионот на Западен Балкан и дали единствен начин да се избегне тоа е да се интегрираат овие земји во ЕУ?

-Ниту една земја во Европа не може да се чувствува безбедна бидејќи е загрозен поредокот заснован на правила и се прекршени сите заеднички принципи на Повелбата на ОН. Сè се смени по инвазијата на Путин на Украина. Живееме во поинаков, поопасен свет. Едноставно не можеме да ја земеме стабилноста здраво за готово.

Според мене, најдобра гаранција против идна војна на Западен Балкан е веродостојно проширување на ЕУ кое се заснова на критериумите од Копенхаген и на јасниот патоказ за реформи што треба да ги спроведе секоја земјата кандидат. Единственото нешто што ќе донесе траен мир во регионот е полноправно членство на земјите кои го сочинуваат регионот. Нема ако, нема ама! Поради тоа нè мобилизираа да организираме форум на високо ниво „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија на 26-ти април и да докажеме дека Западен Балкан стана неизбежен императив заобезбедување на сигурна и просперитетна иднина на Европа.

Нема сомнеж дека ЕУ е нецелосна без Западен Балкан. Но, зар не претставува ризик за европската структура да се интегрираат земји кои не ги исполнуваат критериумите за членство? Негативни критики веќе беа искажани од некои постари земји-членки на ЕУ за големото проширување во 2004 година.

–Не треба да биде изненадување ако некои земји имаат резерви за тоа кој ќе се приклучи на клубот. Зборуваме за доверба меѓу народите. Но, јас целосно ја отфрлам идејата дека на Европа би и било подобро доколку не се проширеше во 2004 и 2007 година. Каде ќе беа овие земји и ЕУ денес, ако одевме по наш пат? Да не заборавиме дека и тогаш Путин беше претседател на Русија со исти аспирации кон поранешните советски земји. Истото важи и за мојата родна земја Бугарија, која се приклучи на НАТО во 2004 година и на ЕУ подоцна во 2007 година. Знаеме дека пристапните преговори се долги и понекогаш болни. Но, влезот во ЕУ навистина го менува начинот на кој се води вашата земја, заедно со геополитичкиот и безбедносен пејзаж. Нарушувањето на довербата што го видовме во последниве години, особено во Унгарија и во Полска, доаѓа од недостатокот на механизми откако една земја ќе се приклучи. Можеме да им кажеме на земјите дека мора да се придржуваат до одредени правила додека се приклучат, но што се случува потоа?

Повеќе

Back to top button
Close