Ќучук смета дека евроинтеграцискиот процес на РСМ нема да биде отежнат со дополнителни проблематизирања од бугарска страна.

Додека во Софија, министрите Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишуваа вториот протокол од Договорот за добрососедство, во Велико Трново група македонски и бугарски новинари дебатираа за соработка, комуникација и взаемно помагање во рамки на иницијативата „Време за разговор“, каде домаќин е бугарската агенција БТА.

Пред новинарите се обрати постојаниот известувач во Европскиот парламент за РСМ, Илхан Ќучук, кој ги поздрави последните случувања во македонскиот и бугарскиот парламент.

Тој смета дека евроинтеграцискиот процес на РСМ нема да биде отежнат со дополнителни проблематизирања од бугарска страна.

– Од интерес на Бугарија е да има сосед кој е во ЕУ. Нема потреба од проблематизирање зошто сето тоа е содржано во европските документи. Европската комисија преку своите процедури дека се што е забележано како идентитет, јазик за Северна Македонија е запазено. Опозицијата треба да реши дали сака РСМ да биде дел од ЕУ и да покаже не само храброст, туку и мудрост во своите ставови и дејства или да остане некаде во полето на сивилото и местото н РСМ во ЕУ да го земе некоја друга држава“, дециден е известувачот на Европскиот парламент за РСМ.

Back to top button
Close